Колку троши ВМРО ДПМНЕ?

ВМРО ДПМНЕ според ревизорските извештаи за политичка кампања за 5 години потрошила 4.5 милиони евра повеќе од тоа што било донирано на нејзина сметка, ова за 57 ото издание на Ноќен Експрес го тврди Горан Левков новинар кој направил истражување на тема Финансирање на политички партии во Македонија направено преку ревизорските извештаи и состојбите на терен.

Ја истражувавме владеачката партија во последните неколку години од 2011 до 2016 година и само парите потрошени за политички кампањи и парите собрани од донации излегува дека ВМРО ДПМНЕ во минус од 4.5 милиони евра. Од друга страна пак според истражувањето произлезе дека тие имаат 40 нови имотни листови од 2014 година до сега.

Во тој период партијата може вложила од 5 до 10 милиони евра само за купување недвижни имоти за нивни седишта вели Левков во Ноќен експрес на Канал77.

Тука гледаме една голема разлика во приходите и расходите што ги имаат прикажано вели Левков.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background