Корона вирусот го уплаши Џејм Бонд, Даниел Крејг не заминува за Кина

Последнoто продолжение на филмот „Џејмс Бонд“ со Даниел Крејг, „Нема време за умирање“ требаше да стане најисплатливиот филм за тајниот агент. Но, ова продолжение, кое требаше на почетокот на април  да се емитува  во кината ширум светот, е откажано  во Азија поради закана од корона вирусот.

Кинеските власти во моментов имаат затворено над 70.000 кино сали, па продуцентите одлучиле да го одложат доаѓањето на акетерот во Кина.  Дури и епидемијата на вирус мистериозно да исчезне од планетата, сепак, ѕвездите на филмот од своите лекари и осигурителни компании нема да дозволат  влез во Кина, пиува „Дејли Меил“.

Со светската заработа од 1,1 милијарда долари,  титулата најисплатлив Бонд  сеуште го држи продолжението на „Скајфал“ од 2012 година, иако добрите познавачи на филмот предвидуваа дека „Нема време за умирање“ ќе ја надмине оваа цифра.  Во овие околности тоа е невозможно, бидејки се очекување филмот од Кина и околните држави да донесе заработувачка од 150 до 300 милиони долари.

Филмот го очекуваат губитоци, но, песната која ќе биде воведна, од младата авторка Били Ајлиш (18) ги руши рекордите на слушаност на Јутјуб платформаа.  За првите 24 часа собра над 17 милиони прегледи.

Даниел Креј по петти пат  го глуми британскиот таен агент  007 а и самиот кажа дека ова е последно продолжение  во кое ќе го игра Бонд, бидејки, како што изјавил, дојде време да го замени некој помлад.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background