Кошаркарката Едина Муса го тренира Васил Гарванлиев: До евровизија ќе биде во топ форма
Кошаркарката Едина Муса го подготвува Васил Гарванлиев, кој ќе не претставува на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија. До тргнувањето на Васил за Холандија има малку повеќе од два месеци, но тој забрзано се подготвува и физички и психички за да на евровизиската сцена изгеда совршено, но и да ја изнесе кореографијата како треба, со што ќе го збогати сценскиот настап. Веќе 13 дена Едина и Васил секој ден се среќаваат во теретана, каде и двајцата го даваат максимумот од себе.
-Кога се сретнав со Васил и кога се договоривме да го тренирам бев пресреќна. Јас израснав со „Марионка“, го знам од детство . Чест ми е што јас ќе го тренирам. Почнавме пред 13 дена и ќе тренираме се додека да замине, до први мај. Напорно тренираме, секој ден. Тој е многу дисциплиниран, се вложува многу, што ме прави посреќна. Тренира како да е спртист. Сака прво да ги намали мастите, да биде во топ форма. Мора да биде подготвен за да игра и пее на сцена, бидејки ќе има кореографија. Има високи ноти, пее од дијафрагма и не треба стомакот да биде многу затегнат. Јас мислам дека се ке биде. Васил е професионалец, има премногу желба во него. На тренинг секогаш доаѓа подготвен. Напорно работиме на физичкиот дел иако исхраната е исто така многу важна. Јас тоа не можам да го контролирам, тоа тој го контролира, вели Едина, која годинава паузира од кошарката бидејќи, како што вели: „Имам доста повреди и не знам дали ќе продолжам понатаму со кошарката ама вежбам и јас секој ден“.
Васил го дели мислењето на Едина и вели дека до моментот на претставување мора да биде совршено направено.
-Од моментот кога ја сретнав Едина знаев дека сме на вистинскиот пат за ваква голема и фокусирана цел. Јас вежбам две години ама со Едина веќе 13 дена и ќе вежбаме до тргнување за Ротердам. Велам дека имам олимписки тренинг , бидејќи вежбам пет пати неделно, еден ден јога и еден ден пауза. Градам кондиција, стабилност, сила, тело и здравје за да во мај ја претставам татковината најдобро што можам, вели Васил.