Курирот тоа не го направил сам-Маричиќ за 1500 недоставени судски платни налози

Министерот за правда, Бојан Маричиќ вели дека треба да се испитаат сите реалции на еден судија и на еден обвинител и дека треба да се види и улогата на администрацијата и на стручните служби, коментирајќи го случајот кој го обелодени обвинителската Вилма Русковска во кој во фиоката на курир кој починал биле откриени 1500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни со што државниот буџет е оштетен за 20 милиони денари.

 

-Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, рече Маричиќ во истата емисија.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background