Мазнева: Мицковски нема капацитет да ја сруши корумпираната власт, но успеа со своите послушници да го блокира Скопје со ѓубре

Директорката на ЈКП „Комунална хигиена“ Скопје, Косана Мазнева којашто на директорското место на претпријатието остана и покрај сугестијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски до сите директори поставени од ВМРО-ДПМНЕ да си дадат оставки откако се нарушија односите со градоначалничката Данела Арсовска, денес при гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, не сакаше да одговори на прашањето, зошто и таа не си дала оставка само посочи дека дилемите и несогласувањата во ставовите се решаваат во партиските штабови, не во јавноста.

„Мицковски е детектиран за единствен лидер во историјата на ВМРО-ДПМНЕ којшто цели седум години, не може да ја сруши оваа крајно корумпирана и неспособна власт на СДСМ, па се поставува прашањето дали Мицковски, не ВМРО-ДПМНЕ, зошто лидерот на партијата ја води партијата, е можеби во коалиција со СДСМ и која е причината за оваа интензивна и агресивна блокираност на градот Скопје од страна на советниците. Тоа е синхронизирано,“ кажа Мазнева.

Додава дека Мицковски е без капацитет, дека нема храброст ниту да и се јави и да ја повика на разговор во самата партија, да разговараат за тоа што се случува.

Таа нема забелешки на работата на Управниот одбор на претпријатието којшто е составено од членови на ВМРО-ДПМНЕ и од други партии, и додава дека е одличен коректор на нејзиното работење. Смета дека не и е потребен Управен одбор чии што членови само дигаат два прста и се неми послушници, за разлика, вели, таков бил  Христијан Мицковски, кој околу себе има собрано слепи послушници.

„ Сето ова што се случуваше во КХ е само заради тоа што претседателот на синдикатот  во претпријатието, Делија Дарлишта, заедно со еден градоначалник од една скопска општина, веднаш по донесувањето на мојата одлука, дека ќе има сменско работење, се фатени како седат на маса и се договараат како да го опструираат работењето на претпријатието. Сметам дека за тоа не треба да се молчи туку да се каже во јавноста, со какви тоа методи се служи ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова е направено со цел, товарот да падне врз градот,“ тврди Мазнева.

Додава дека таа повеќе од 20 години е член на ВМРО-ДПМНЕ и така и ќе остане.

Во врска со предлозите на Советничката група на СДСМ за разрешување на состојбата со ѓубрето во Скопје усвоени на вонредната седница на Советот во четвртокот, Мазнева вели дека сите тие предлози се инкорпорирани во инвестициската програма на Комуналното претпријатие, која што советниците не сакале ниту да ја слушнат ниту пак да ја усвојат.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background