Малиновски: Се знаат каналите на корупција, но треба воља да се прекинат (видео)
Адвокатот Драаган Малиновски, поранешен член на Антикорупциска комисија во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, зборуваше за митото и корупцијата во судството, за ветингот и потеклото на имотот на судиите и нивните семејства, за тоа како може разрешени судии и обвинители да бидат добри адвокати и да продолжат да работат во фелата и за тоа зошто за добри адвокати се сметаат оние кои успешно ги „менаџираат“ предметите и тарифите преку линковите со одредени судии и обвинители.
– Ветингот не смее да се злоупотреби и претвори во политичка пресметка како лустрацијата. Ветингот и проверката на имотот се потребни, но неопходен е транспарентен и ефикасен механизам, соработка на сите институтции и поголем капацитет на Комисијата за антикорупција.
Отприлика се знаат кој се каналите како да се протне некоја работа, но суштината е секојдневно следење на работата на судиите и квалитетот на судските одлуки, за што новите зкаонски решенија за Судскиот совет и за судовите нудат добра платформа чие што реализирање ќе зависи од добрата политичка воља.
Според Малиновкси поради коронавирусот ќе има застој во судтсвото Ќе се натрупаат голем број предмети и потребно е што поскоро да се прилагоди судтвото на мерките и новиот начин на живеење и однесување што го наметна пандемијата.