Малиш Саздовска: Шумската мафија има убиено тројца шумари (ВИДЕО)

„Секое поведение на човекот со кое се врши унишување на животната средина спаѓа во еколошки криминал“, вели професорката Марина Малиш Саздовска, експерт за еколошки криминал.

Кривичниот законик во глава 22 предвидува казни за кривичните дела од еколошки криминал, но не само за физички, туку и за правни лица, изјави Малиш Саздовска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 заедно со „Парадокс“ на „Дивата сеча на шумите, коруптивни зделки за личен профит“.

Еколошкиот криминал во нашето општество се наоѓа на маргините, но станува збор за многу голема сума на пари која се добива како резултат на дивата сеча.

Заводот за статистика води детална евиденција во однос на она што е сторено кривично дело и постои точна бројка на откриени кривични дела. Но доколку се збори од аспект на криминалистика, Малиш Саздовска ја потенцираше  „темна бројка“ која се однесува на сторени, а не откриени кривични дела.

„Сметам дека кај овој криминал едната бројка е многу поголема, односно повеќе се тие кои што не се откриени, во однос на оние кои се откриени и процесирани“, изјави Малиш.

Судиите изрекуваат многу благи казни кои не се затворски туку во најголем број случаи се парични казни или условна осуда, професорката смета дека тука постои ризик за кривично дело да биде повторено, наспроти изрекување на построга казна. Одземањето на средставта со кои го прават кривичното дело, сторителите најчесто тоа го сметаат заголема казна.

Пустошењето на шуми го сторуваат организирани криминални групи кои не можат да делуваат на територијата на земјата доколку не се поврзани на коруптивен начин со некој од безбедносните служби и органи.

Судиите и јавните обвинители кои ги процесираат случаите за еколошки криминални дела се не доволно свесни и едуцирани во однос на последиците, за бесправаната сеча, рече професорката Марина Малиш Саздовска, експерт за еколошки криминал. Таа смета дека преку процес на едукација би ја разбрале тежината на овој криминал и би ја промениле својата судска практика.

„Се залагам за во МВР да се формира посебен оддел за борба со еколошкиот криминал. Благи се казните за сторителите на дива сеча, немаме казни од затворски тип туку претежно казните се парични или со условна осуда“, смета таа.

Сериозноста за пустошењето на шума со право се нарекува шумска мафија овој дел на криминалот  двајца шумочувари од кумановско липковскиот регион беа лишени од живот вршејќи ја својата службена должност и  еден шумски полицаец на планината Китка, тоа значи дека имаме сериозни сторители кои не се плашат да употребат огнено оружје, вели професорката и експерт за екошки криминал, Марина Малиш Саздовска во „Стадион“ на Канал 77.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background