Мириса на мед и Оскар
Документарниот филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.
Американската филмска академија објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што се кандидати за престижната награда.
Нашиот филм е меѓу 15 остварувања кандидати за најдобар документарен филм селектирани од 159-те пријавени во оваа категорија.
Исто така, „Медена земја“ влезе и во потесен круг од 10 филмови за Оскар за најдобар меѓународен долгометражен филм, категорија во која беа кандидирани 91 филм.
Номинираните во сите категории Академијата ќе ги соопшти на 13. јануари 2020.
Оскарите се доделуваат во 25 категории, а 92. издание на оваа престижна свеченост ќе се одржи на 10 февруари, 2020 година.
Ако добие номинација за Оскар во двете категории, „Медена земја“ (Honeyland) ќе биде прв македонски филм што успеал во тоа.
Во 1994 година за првпат македонски филм доби номинација за Оскар – „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.