Највкусните сладоледи низ светот
Повеќето луѓе мислат дека сладоледот е неверојатен пронајдок со атрактивен изглед и различни мириси.
Децата и возрасните го љубат и ништо не може да се спореди со овој полу-замрзнат сладок вкус. Сладоледот е распространет низ целиот свет, но во различни земји се подготвува и служи на поинаков начин. Foodpanda се потруди да открие кои се највкусните сладоледи.
Италија-Gelato
Во Италија сладоледот е со висока густина и појак мирис. Овозможува мешање на различни вкусови во една чаша, без тоа да наштети на некои од мирисите.
Јапонија- Mochi
Тоа е леплив ориз, направен во топка и полнет со различни вкусови сладолед. Покриен со тенко бело брашно. Ќе се наситите на вкусот само од две грутки.
Аргентина- Helado
Се смета дека тоа е највкусниот сладолед во светот. Многу сличен на италијанското gelato, но разликата е во обилното количество карамел, со кој се подготвува.
Малезија-Ае Kacang
Бидејќи таму е многу топло, луѓето се исклучително креативни и прават воден мраз, кој е со многу светли бои. Мешаат алое, кондензирано млеко, пченка, палмови плодови и други со вода и потоа ги замрзнуваат коцките.
Турција-Dondurma
Традиционалниот сладолед на Турција се нарекува Dondurma. Тој има силна флексибилност и меки вкусови, кои го привлекуваат секој турист. Со леплива текстура е и се одмрзнува многу лесно.
Германија-Spaghetti-EIS
Треба да бидете внимателни кога се храните во Германија и си нарачувате Spaghetti-EIS, што всушност е сладолед. Направен е од сладолед ванила и компири во прав, полиени со џем од јагоди и бело чоколадо.