Ние сме народ кој секогаш бара црна дамка за да плука, вели Јелмаз Дервиши во „Стадион“
Јелмаз Дервиши, шеф на пиар тимот на Васил Гарванлиев, која годинава треба да ја претставува Македонија на Иборот за песна на Евровизија, беше гостин во денешното издание на емисијата „Стадион“ на Канал77. Тој во своето излагање со осврна на неколку сегменти од скандалот што го тресе националниот избор.
-Прифатив да се обратам за да одговорам на некои прашања. Јавноста знае дека ниеден претставник не поминал без скандал. Сите биле предмет на исмејување и клевети. Во тие имиња се едни од најеминентните уметници кај нас, Тоше, Калиопи, Тамара… Дали јавноста ја чека Евровизија за да мпѓе да креира сензација, или бидејќи имаме на недостиг на здрава културна сцена не би навлегувал. Ќе почнам со спотот. Спотот беше повлечен иако имаше голема гледаност. Ние кажавме дека ниту еден член од тимот кој го работеше видеото не интервенираше на делото, односно поставката на уметничкото дело на Жанета Вангели. Да не заборавиме дека Васил 20 години не живеел во Македонија и не може да ги разбере состојбите, не е одблиску запознат. Тимот, кој работеше ни во најлош сон или со кој памет ние во ваква ситуација од маркетиншки аспект да ги прикажеме боите на бугарското знаме. Не е маркетиншки трик и сметам дека и овој разговор би можел да изваден од контекст и дека нвистина ќе сватат дека било маркетиншки трик. Ситуацијата е веќе излезена од контрола и знаете на кое ниво се одлучува околу претставувањето на Васил на Евровизија, рече тој и додаде:
-Евровизија е фестивал на музика и на талент и имајки во предвит, генерално на Балканот, колку сме сензитивни кога станува збор за знамиња, ни на крај памет ниту МТВ ниту ние од тимот не би си дозволиле таква провокација знаејки особено што се случуваше на политичката сцена, рече тој меѓу другото.