Новокомпонирана песна: Т`га за Запад

Пародија на познатата ,,Т`га за југ,, овој пат насловена како “Т`га за запад” оваа “западна” поезија ќе ве насмее за почеток на денот.

Гарантно писмо в џеп да си метнам,
да јавнам Конкорд, внебо да летнам,
На гурбет далечен да си идам,
да видам New York, Melbourne да видам.

Да видам купој пари в џебо,
И за друго да сонам, не само за лебо,
Да видам како се станува газда,
и како со обична плата се купува мазда.

Да видам нашинци среќни и стројни
Со црвени образи и мевој лојни.
Како си жеват на висока нога
и братски тераат дури до бога.

Да видам живот светол ко олтар,
а не ко овде до смрт голтар.

О, дајте виза в џеп да си метнам
и уште утре јас ќе му ја лентам
На гурбет далечен јас ќе идам
па ако треба и пингвин таму нека бидам.
Ебати Охрид, ебати Струга
Ништо немат, нири ни пруга….


Во етер
Наслов
Изведувач

Background