Нов филм на Тарантино со Леонардо Ди Каприо (видео)

Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Ал Пачино ги здружија силите со генијалниот Квентин Тарантино за новиот филм наречен “Once Upon a Time in Hollywood” чиј прв официјален трејлер го виде светлото на денот.

Приказната за филмот се одвива во 1969 година во Лос Анџелес. Леонардо го толкува ликот Рик Д алтон кој некогаш глумел во ТВ серии, а Бред Пит е неговиот дублер Клиф Бут. Тие двајца се трудат да преживеат во Холивуд кој веќе не го препознаваат како оној град на кој се навикнати.

Главните улоги во филмот ги играат Леонардо Ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, а покрај нив се појавува и легендарниот Ал Пачино. Снимањето на филмот наскоро ќе биде завршено, а премиерата ќе се одржи на 26-ти јули.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background