Ноќен Експрес – Емисија 22

Тема на втората епизода од вториот серијал на „Ноќен експрес“ е „Денешните вредности изгубени во извртената и тешка реалност“.

Со универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски во студио разговаравме за тоа какви се вредностите на денешните генерации, што е тоа кон што се свртуваат младите, кои се нивните идоли. Во видео интервјуто универзитетскиот професор Трајче Стојанов вели дека политичките партии не сакаат бунтовни млади кои треба да бидат тоа по природа. Во емисијата со свои ставови учествуваат и Драги Змијанац од Детската амбасада „Меѓаши“ и универзитетскиот професорот Ферид Мухиќ.

Водители: Столе Наумов, Петрит Сараќини и Зоран Маџоски.

Карикатури: Методи Андонов


Во етер
Наслов
Изведувач

Background