Ноќен Експрес на Канал 77 Радиовизија – Емисија 13
Ноќниот експрес со ова издание застана помеѓу спомениците од Скопје 2014 и Шарената револуција.
Гости во студио: Марјан Камиловски, автор на оградата со штитови на мостот во центарот во Скопје и професор Небојша Вилиќ.
Телефонски гости во живо јавување: Мирослав Грчев, Никола Наумовски, НВО Плоштад Слобода, Филип Јовановски.
Мотивот за боењето на спомениците и објектите во Скопје од страна на активистите од Шарената револуција, оправдани ли се овие дела, што значи целиот проект Скопје 2014, се дел од прашањата за кои разговараме.