Од каде доаѓа мирисот на дожд кој многумина го сакаме?
После секој дожд, воздухот има специфичен мирис, кој се нарекува петрикор, но интересно е тоа што овој мирис воопшто не ни доаѓа од дождовницата.
Петрикорот првпат го анализирале австралиските истражувачи Џој Бер и Ричард Томас во 1964 година, бидејќи овој мистериозен мирис им се допаѓал на многу луѓе. Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.
Парфимерија од Индија успешно го изолирала овој мирис од маслото од сандаловина и го нарекле „земјен парфем“.
Мирисот всушност доаѓа од почвата, камењата и дрвјата врз кои паѓа дождовницата. При нивниот контакт, со помош на микроорганизмите се ослободува органско соединение геозимин, кое всушност мириса онака како што ние го перцепираме мирисот на дожд.
Петрикорот се ослободува при обични дождови, додека кога има и грмотевици, врз мирисот влијае и присуството на озон.
Синтетички произведениот петрикор денеска е составна мирисна нота на многу парфеми кои со својот мирис потсетуваат на дожд и чист воздух.