Пливање – спорт за секоја возраст
Пливањето со сигурност претставува еден од омилените летни спортови, што ги зајакнува мускулите на цело тело и согорува многу калории. За половина час пливање со умерено темпо може да се согорат од 200 до 300 калории.
Пливањето ја поттикнува циркулацијата и ја подоборува еластичноста на зглобовите и поради тоа особено се препорачува за повозрасните лица. Исто така го зајакнува кардиоваскуларниот систем и ја подоборува работата на срцето и белите дробови.
Многубројни истражувања исто така, покажуваат и дека пливањето помага во регулацијата на високиот крвен притисок.