Политичката криза ги заглави субвенциите за земјоделците

На протести излегоа струмичките земјоделци. Побараа од институциите да не ги манипулираат, бидејќи како што рекоа, изморени се да ја барат ветената државна помош, со која претходната влада на големо се рекламираше. Доста е од популизам, време е, како и нашите деца да си спакуваме куферите, велат земјоделците. Од Министерството за финасии засега нема одговор.

Сведоци сме колку тендери се завршени, колку задолжувања за некои проекти се направија, а кога станува збор за земјоделецот нас нигде не не’ споменуваат.
Ристо Велков, Сојузот на синдикати на земјоделски производители

Митко Караиванов од струмичко Секирник, кој цели дваесет години се знимава со земјоделие со месеци ги чека субвенциите кои со закон му се загарантирани . Од Агенцијата за подршка на земјоделстовото и руралниот развој, го добил решението за исплата  на државната помош и за 2015 –та, но и за минатата година на неговата сметка нема ниту денар. Нему овие пари му се неопходни бидејки му биле планирани за набавка на семе и друг репроматријал.

– Гледам мачна слика. Секој ден по банките веќе 15-20 дена. Не само луѓето што се малтертираат и што бараат субвецнии, туку и вработените во банките и тие се малтертираат. Секој ден прашуваме за субвенции, субвенции а нема. Јас мислам дека нема да има субвенции бидејќи се гледа каква е ситуацијата. Те за 15  за 20,  за 30 дена, па трезор, па министерот не бил тука… Не е во прашање ништо освен политика, вели Митко Караиванов.

Преку протести земјоделците побараа субвенции

Со неисплатени субвенции се соочуваат и останатите земјоделци од струмичко, кои пред некој ден излегоа на протести. На телевизија ги слушаат одговорните дека парите се пуштени, но на нивните сметки нема стасано ниту денар. Изморени со од манипулации и побараа јасен став од Министерството за земјоделство – има или не пари за субвенциии.

– Од 2016 субвенциите не се исплатени што ни се пријавени, а во тешка ситуација е земјоделецот. Ако вака продолжи не само младите што си заминуваат  од државата, по се изгледа и ние ќе треба да ги спакуваме куферите и да си заминеме, кажа еден земјоделец од радовишко

-Немам добиено од 2015 година. Кажаа дека ке се исплатат, ама немам ништо добиено. Се надеваме, чекаме… Нам сега ни се потребни, оти треба да инвестираме. Ако не вложиме во земјата нема да земеме, кажа друг земјоделец од струмичко Ново Село.

ржавата си игра мајтап

Државата  си игра мајтап со нисплатените субвенции смета Ристо Велков од Сојузот на синдикати на земјоделски производители. Според него, станува збор за милионски суми средства кои државата согласно законот требаше да ги исплати до 31 декември, но поради изборите нивната исплата се закочи.

-Од сите оние што се стекнаа со правото на субвенции, околу 80 насто од 2016- та година не сме ги добиле парите. Законската регулатива вели член 61 став 2, субвенциите, земјоделците треба да ги добијат во тековната година, што значи субвенциите требаше да ги добиеме до 31.12.2016 година, категоричен е Ристо Велков.

Нам не ни треба Влада, бидејќи Собранието треба да избере претседател и измените на Изборниот законик да поминат, а не да се чека до јуни. Имаме се’, имаме пратеници и доколку сите се залагаат за земјоделеците треба едногласно да се донесат измените во Собранието на РМ, што не е ништо страшно. Михаил Цветков, министерот за земјоделство.

Велков не сака да верува дека земјоделците ке останат со куси ракави

-Па по се’ излгеда имаме министри, а немаме Влада. Имаме техничка Влада која ги извршува обврските во некои други сфери. Сведоци сме колку тендери се завршени, колку задолжувања за некои проекти се направија, а кога станува збор за земјоделецот нас нигде не не’ споменуваат.

Верувајте, со високите цени на репроматријалите а ниските откупни цени, тешко ке се справи земјдоелскиот производител на стартот на новиот производствен циклус и сведоци ке бидеме дека големи површини ниви нема да бидат засадени со земјоделски култури, кажа Велков.

Имаме пратеници, имаме техничка Влада, но пак нема субвенции

Субвенциите заглавија поради неизборот на нова Влада, кажа министерот за земјоделство Михаил Цветков, кој смета дека кочница е Изборниот законик.

Тој повика народните пратеници час поскоро да донест законски измни, за да отпочне постапката.

– Проблемот е во законот за избори, каде е напишано дека субвенции не се исплакаат 20 дена пред отпочнување на кампања,  па се’ до формирање нова Влада. Реков и пак ке повторам- нас не ни треба Влада, бидејќи Собранието треба да избере претседател и измените на Изборниот законик да поминат, а не да се чека до јуни. Имаме се’, имаме пратеници и доколку сите се залагаат за земјоделеците треба едногласно да се донесат измените што не е ништо страшно, кажа министерот за земјдоелство Михаил Цветков

За да се откочи исплатата на субвенциите, надлежните институции почнаа да си ја префрлаат одговорноста. Антикорупциската комисија даде мислење дека нема ништо противзаконско да почне исплата на државната помош на земјоделците во висина од приближно 100 милиони евра.

По добиеното мислење Платежната агенција почна да ги подготвува налозите за исплата. Директорот Игор Златков истакна дека од нивна страна процеудрата постепено се завршува.

-По направената контрола дали се исполнети условите за субвенции, потпишани се налози во висина од околу 26 милиони евра и пуштени во Министерството за финансии. Прво ќе се исплакаат субвенциите од 2014 и 20015 година, писмено инофрмираа од Платежната агенција.

Од Министерството за финансии одговор нема,  има или не, пари за субвенции и кога ќе почне исплатата на државнта помош за фармерите согласно Програмата за подршка на земјоделците и руралниот развој.

Земјоделците стравуваат дека заради политичката криза тие го плаќаат цехот и потребната помош од државата согласно законот за развој на земјоделието нема да ја добијат во предвидениот рок.

Подготовката на овој материјал беше овозможена со поддршка од Британската амбасада во Македонија, во рамките на проектот Зголемена локална транспарентност и отчетност преку квалитетни медиумски содржини. Мислењата и ставовите во овој материјал не секогаш ги одразуваат  мислењата и ставовите на Британската амбасада во Македонија. 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background