Почина легендарниот фолк пејач Ѓорги Желчевски

Утрово во Белград почина македонскиот пејач Ѓорѓи Желчевски, кој љубителите на фолк музиката го знаеја како дел од дуетот со неговата сопруга Кевсер Селимова.

Српските медиуми, кои ја објавија веста пишуваат дека тој е многу талентиран човек и во естрадниот свет можеби и единствен кој има четири дипломи- музичко  школо, средно  медицинско школо, потоа  вишо педагошко училиште и Природно математички факултет ( наставник по хемија).  Но, рано сватиl дека за фолк пејач како него не е потребно школо, туку ген и талент . Фатален старт му била желбата на Тито на Златибор во 1959 година, да се одржи смотра на фолклористи од цела тогашна Југославија. Како претставници од Скопје бил КУД „Орце Николов“, каде Кевсер  била член а Ѓорге веќе етаблиран пејач во Радио Скопје.

Со Кевсер се вљубиле на прв поглед , го почнале дуетот, кој со годините бил се поуспешен и поуспешен, па често, бидејки живееја во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни. Ѓорге и Кевсер од бракот ја имаат ќерката Ана (40), од која го имаат внукот Ерол, кој има осум години .

Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер амеѓу кои се  „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други. Пред седум години во Домот на АРМ концертно го прославија пет децениското постоење


Во етер
Наслов
Изведувач

Background