Психичките нарушувања го скратуваат животот

Лицата погодени од психички нарушувања живеат во просек десет години пократко, објави стручното списание „Jama Psychiatry“.

Според податоците на научниците од Универзитетот Колумбија во Њујорк, психичките нарушувања како депресија, хронична анксиозност или шизофренија, се поврзани со осум милиони смртни случаи во светот годишно.

Новите наоди се засновани на анализа на податоците собрани во текот на повеќе десетици години за потребите на 200 претходни меѓународни студии.

Психичките нарушувања, исто така, биле поврзани со просечно седум пати поголем ризик за смрт од самоубиства или несреќен случај и 80 отсто поголем ризик за смрт од проблеми со физичкото здравје, што посебно се однесува на последиците од пушењето, дебелината и дијабетесот од типот 2.

Извор: Макфакс


Во етер
Наслов
Изведувач

Background