Русковска: Проветрување и во администрацијата-Kај доставувач откриени 1.500 недоставени платни налози, штета од 20 милиони денари(видео)
Не само кај судиите и обвинителите, „ проветрување“ треба да има и во администрацијата во судството и ибвинителството, смета, обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска
Во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77, таа потенцираше дека се залага за прочистување на судството, но во целата таа постапка битно е да се откријат зошто се чуват предмети, зошто застаруваат и кои се причините зошто тие предмети застаруваат.
„Јас сум за прочистување на судството и на обвинителството, но да се откријат причините зошто застаруваат предмети, зошто имаме постапки по 15 години, кои се причините за тоа. Но, кога зборуваме за обвинителството и судството нам ни треба пошироко прочистување, да се види администрацијата како работи. Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривилен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор.“- изјави обвинителката Вилма Русковска, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ смета дека треба да се испитаат сите реалции на еден судија и на еден обвинител и дека треба да се види и улогата на администрацијата и на стручните служби.
-Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, рече Маричиќ во емисијата Стадион на Канал 77.