Само милиони на маса можат да ја вратат интелектуалната емиграција

Со пари од Американската агенција за развој УСАИД, во 2013 година Македонија усвои Национална стратегија, која требаше да придонесе во намалувањето на масовниот одлив на високо образовани кадри. Документот предвидува серија мерки на владините институции за задржување на овие кадри и враќање во државата на оние кои замнинале. По четири години, Стратегијата е само архивски документ на Владата, а на интернет страницата на Министерство за образование и наука не може да се пронајде. Истражуваме, како се случи да државата да заборави на овој документ, кој се чини, неофицијално престана да важи со министерската смена.

На 75 страници, документот со долг назив Национална стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високо образовани и стручни кадри, предлага серија мерки за задржување на образованите кадри и враќање на оние, кои своето образование го оформиле во странските земји. Проевладува идејата за Македонија како атрактивно место за работа, која би ја привлекла интелектуалната имиграција. При тоа, Стратегијата предлага формирање на Канцеларијата за управување со интелектуалната емиграција, која ќе ги раководи меѓуресорските напори.

Не е само Министерството за образование и наука во овие сложени активности, туку и ресорите како економија, спорт и млади, секторите за иновации, универзитетите и приватниот сектор. На крај, но не како последно, авторите на овој документ предлагаат државата да обезбеди значаен фонд, кој ќе ги поддржува  активностите. Четири години подоцна, овој концизен документ  е само збир на зборови без значење.

Скапата стратегија за спречува на одлив на мозоци само фрлени пари, не е завршена ниту првата активност – формирање на национален регистер на високо образовани кадри и иселена интелектуална миграција, мапирана според земјите каде работат и нивниот профил. Златко Николовски, кој докторираше на тема миграции, слушнал дека постои национална стратегија, но нема детали од неа. Но, вели, јасно е дека власта нема систем за решавање на овој проблем.

-Не една, десет нека биле стратегии, нема ефект. Очигледно властите не се впуштиле во решавање во тој дел. Иако имаше проекти за најдобрите студенти да може да студират на елитните универзитети во светот, треба тоа да е дел од систем, кој долго ќе трае, смета Николовски.

Овој систем, што го предалга Николовски, го содржи Националната стратегија. Но, дали некоја институција работи по неа? Дали ја има воопшто некој? Ни по долго пребарување стратегијата  не успеавме да ја пронајдеме меѓу документите на Министерството за образование и наука.

Единственото место каде може да се најде и прочита е на страницата на Владата, но, во архива. На овие прашања Министерството за образование и наука одговори воопштено, без конкретни одговори – каде е стратегијата, кој работи по неа, колку е реализирано во промоцијата во март 2013 година.

-Оваа стратегија, преку низа мерки и активности дава поддршка и на креативноста и иновативноста кај младите, го стимулира претприемништвото во земјата, но дава поддршка и на привремената емиграција заради образовна и професионална надградба и стекнување на знаења и искуства кои потоа би се примениле во нашата земја.

Дефинираниот акциски план на стратегијата тековно се имплементира, а секако, политиките насочени кон младите постојано се надградуваат со нови мерки и активности, објаснуваат од МОН.

Изреал годишно вложува по 50 милиони долари за враќање на интелектуалната емиграција Министерстовото за образование оваа 2017 година има буџет од над 407 милиони евра. Во образложението за тоа како ќе се трошат парите со ниту еден збор не се споменува Националната стратегија, ниту каква било активност која води кон задржување во државата или враќање од странство на високобразованите кадри. Одговарајќи на прашањата од анкетата работена за потребите на стратегијата, младата македонска интелектуална емиграција одговорила дека прв фактор за враќање се блиските, а не мерките на државата, кои според нив отсуствуват.  Нема ни фонд кој им стои на располагање. Тоа, според Александар Стамболиски, член на иницијативата „Македонија 2025“, е голем проблем. Стамболиски би сакал Македонија да го следи примерот на Изреал, земја која со фонд од 150 милиони долари, секоја година враќа за 15.000 образовани Изреалци од целиот свет.

-Мораме да ставиме повеќе милиони на маса, се’ со цел да ги донесеме успешните од надвор. Дали тоа ќе го направи државата преку постоечки фондови или ќе го направат Македонците надвор, можеби е време да се направи првиот исчекор, бидејќи некој треба да го плати тоа искуство стекнато во странство, изјави Стамболиски.

И повеќе западни демократии, кои се соочуваат со проблемот на миграција на интелектуалната сила, имаат слични проекти како Изреал. Таков проект има Велика Британија, чии институции  работат по петгодишна програма финансирана со 20 милиони фунти. Целта на програмата е враќање на британските научници, ангажирани по светот, како и привлекување на кремот на странски истражувачи. Како резултат на овие напори, Британците успеале да привлечат над милиони странски таленти, што е голем бран на освежување на британската економија.

Агенција за млади и спорт е агенција за градење спортски сали во Македонија интелектулната миграција продолжи со несмален интензитет.

Официјалните бројки детектирани од Стратегијата во 2012 година, изнесуваат над 29 отсто иселени со високо образование. Документот предвидува вреднување на трудот на образованите, вистински кариерен систем на развој, но, верувањата на младите образовани кадри се дека и натаму партиската книшка е единствената документ за вработување  и напредок за кариера, вели Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум. Дури и специјализираната Агенција за млади и спорт, како што вели Костуранова е со фонд, кој симболично носи назив „за млади“.

-99% од средствата од програмата одат за спорт и тоа за спортски сали, пред се’, а не во млади. Агенцијата за млади и спорт, тоа е еден од проблемите, фокусот и’ е на спортот, а не и’ се младите. Нема проекти и средства вложени во младите. Има нешто што се прави на хартија – еве ќе усвоиме Стратегија за млади и толку, е ставот на Костуранова од МОФ.

Младите образовани кадри изјавуваат дека најчесто заминуваат поради ниските плати, економска нестабилност и неизвесност, малку можности за напредок во кариерата, политички притисок и недостаток од финансиски сретства и можности за започнување на свој бизнис. Доктор Златко Николовски прашува што ќе се случи дополнително, ако утре Македонија влезе во ЕУ и се повтори примерот на Романија и Бугарија, каде о првиот налет во Унијата заминаа по еден милион луѓе, главно млади.

Ќе треба ли ние да увезувуваме од Индија информатичари, доктори… ?!

Уште како е дванаесет и пет часот. Упатувам порака и апел до нашите власти. Ова да биде една од главните точки за разговор на која било владејачка структура, која од овој момент па натаму, ќе ја води државата. Ова решение им е потребно на сите. Загубата ќе биде огромна за сите, особено за државата и автоматски, развојот на државата ќе го почувствува тоа, вели Николовски. Според него, Македонија ќе остане без главната движечка сите, доколу нема организиран систем и државна програма, околу која ќе се обединат сите влади, без оглед од која политичка опција ќе ја сочинуваат.

Во текот на кампањата на предвремените избори во декември 2016 година, сите политичари без исклучок го осудуваа заминувањето на младите. Пет месеци по изборите оваа „ургентна состојба“ повеќе никој не ја споменува.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background