Сам свој мајстор- Толга дебитира со соло албум
Толга Мазхар-Тоби го промовираше својот прв албум „Congession of a lonely mind“, на кој работел две години. Изданието содржи девет песни, авторско дело на младиот пејач. Тоби е син на македонскиот популарен пејач Каан Мазхар. Неговата мајка Мерсиха остави свој печат на естрадата со неколку песни, а беше и придружен вокал на концертите на Калиопи.
Толга со родителите и сестрата
– Создадов околу 200 композиции, а само девет решив да има на изданието. Сите се мое авторско дело. На темата „Love again“ аранжманот го работевме заедно со Раде Дикоски, а мастерингот го направи Валентино Скендеровски. На неколку песни аранжманите ги правев со Виктор Драганов – вели Тоби.
Љубителите на музиката неговите песни можат да ги слушаат и преку дигиталните „Spotify“ и „ I Tunes“. Наскоро албумот ќе биде пуштен и во продажба.
– Во нашата земја има многу талентирани млади луѓе, кои за жал не се поддржани. Затоа апелирам да се даде важност на музиката која се создава во земјава- посочува пејачот.