Сара Мејс продолжува со „Копито“
Откако природно дојде да направи пауза од создавање нова музика, поради породувањето, Сара Мејс најавува продолжување на нејзиното музичко патување со тизер видео за новата песна „Копито“.
Според она што може да се види во кусото видео, таа соработува со Александар Ристовски Принц како режисер на спотот, а визуелната приказна и музичкиот пристап повторно се нешто кое излегува надвор од стандардното.
Всушност тоа се и дел од аспектите кои ја прават Сара Мејс посебно препознатлива на домашната музичка сцена. Во очекување на новото, поинакво, а верно на уникатниот стил, ѕирнете ја најавата за „Копито“ во видеото во прилог.