Се’ за храна: Дали знаете дека ладните денови се ваш сојузник за слабеење?
Вообичаената пракса помеѓу сите нас е да слабееме во лето, но ако подобро размислиме, за да бидеме што е можно поубави во летните денови, убавото тело се формира во зима. И покрај тоа што скоро сите многу малку размислуваат за витката линија во зима, истражувањата покажуваат дека ладните денови се голем сојузник за слабеење.
Зошто се смета дека е полесно да се слабее во зима?
Разбирливо е што ретко кој се грижи за своето тело во зима, сите го криеме под облеката и не е вперено во очите на јавноста. Но, тука треба да имаме предвид еден факт. Потрошувачката на енергија е поголема кога времето е ладно, па може да се заклучи дека е полесно да се слабее во зима.
Базалниот метаболизам претставува најмала количина на енергија која е потребна за телото да ги изврши неговите органски функции кои не одржуваат во живот. Овој процес се одвива и во состојба на апсолутно мирување, односно и кога спиеме, посебно кога температурата е константна.
Така, кога надворешната температура се зголеми за повеќе од 30 степени настанува благо забрзување на метаболизмот, а кога температурите паѓаат под 10 степени, настанува значајно забрзување на базалниот метаболизам.
Добар дел од калориската потрошувачка телото го користи за оджување на идеална температура од 37 степени. Заради тоа, исхраната на народите кои живеат во ладните краеви е богата со масти е и покалорична. Зголемување на калорискиот внес за само 10% е доволно за надополнување на падот на надворешната темпертура. Од тие причини, ладните денови треба да се користат што е можно повеќе за симнување на вишокот на килограми. Топлото време го отежнува и го успорува слабеењето. Па, не чекајте ја пролетта и направете чекор за да се вратите во форма!