Се’ за храна: Црно семе – древна тајна за добро здравје и силен имунитет

Семето на цветното растение Nigela Sativa за кое малкумина знаат и дека воопшто постои е моќен лек за многу болести. Тоа благодарение на неговите лековити својства било одгледувано уште за време на древниот Египет. За него пророкот Мохамед изјавил дека тоа е лек за сите болести освен за смртта. Зошто ова моќно лековите семе кое било користено уште во древни времиња е малку познато кај нас? Време е да се потсетиме на чудотворното црно семе и да ја откриеме неговата древна тајна за добро здравје и силен имунитет.

Ова скромно, но моќно семе го прочистува телото од разни токсини и ја поттикнува регенерацијата на бета клетките. Постојат бројни научни истражувања кои потврдуваат дека црното семе има позитивно влијание на повеќе од 40 здравствени состојби. Тоа делува како аналгетик, антибактериски, антивирусно, антивоспалително, антигабично, го подобрува имунитетот, ги уништува канцерогените клетки, ја поттикнува регенерацијата на здравите клетки на коските, помага при кожни заболувања, има антихипертензивно својство, поволно делува при астма… Во продолжение прочитајте за само еден мал дел од неговите благодати.

Помага при дијабетес тип 2

Во една студија, во која се анализирале ефектите од консумацијата на 2 грама црно семе на ден се добиле следниве резултати: се намалила гликозата во крвта, се намалила отпорноста на инсулин, се подобрила функцијата на бета клетките и се намалил гликолизираниот хемоглобин (HbA1c).

Ги лечи инфекциите предизвикани од бактеријата Helicobacter pylori

Оваа спирална бактерија изолирана од слузницата на желудникот е причинител на повеќе од 90% од сите случаи на чир на дванаесет палачното црево и 80 % на желудник. За црното семе се знае дека поседува својства кои помагаат во борбата со оваа бактерија.

Ги намалува нападите предизвикани од епилепсија

Црното семе традиционално е познато по антиконвулзивните својства кои ги поседува. Во една студија која била спроведена во 2007 година врз деца кои боледуваат од епилепсија, а чија состојба била отпорна на конвенционалните лекови, се заклучило дека екстрактот од црно семе значително го намалувал интензитетот на нападите.

Го намалува високиот крвен притисок

 Секојдневната консумација на 100 – 200 мг екстракт од црно семе, два пати на ден, во текот од два месеци, може значително да го намали крвниот притисок кај лицата кои страдаат од блага хипертензија.

Помага при состојба на астма

Тимокинонот, една од главните активни состојки на растението Nigella sativa, поседува моќно антиасматично дејство на дишните патишта.

Ги уништува канцерогените клетки кои предизвикуваат рак на дебело црево

Некои истражувања покажаа дека екстрактот од црното семе го намалува растот на канцерогените клетки кои предизвикуваат рак на дебело црево.

Ви препорачуваме да прочитате: Семе од коприва како најдобар природен лек за крвта.

Превземено од: sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background