Се’ за храна: 10 сочни намирници кои треба да ги јадете ако не обожавате да пиете вода
Намирниците кои содржат висок процент на вода се одлично решение за летните денови кога е многу важно организмот да остане хидратизиран. Овие сочни намирници се од голема помош, а посебно за луѓето кои не сакаат да пијат вода.
Така на пример, освен со вода, намирниците како спанаќот и зелените пиперки изобилуваат и со витамини и минерали. Лубеницата, дињите и ананасот се само некои од вкусните намирници кои содржат висок удел на вода во својот состав. Еве подетално.
Краставици – 96% вода
Тие се солиден извор на витамин Ц и А. Содржат повеќе од 90% вода во својот состав, нискокалорични се и вкусен додаток во секоја салата.
Зелена салата – 96% вода
Сите зеленчуци од оваа група се одлична комбинација на малку калории и многу вода. Поточно, зелената салата како марулките, салатките, 96% вода и се одличен извор на растителни влакна.
Домати – 95% вода
Ова е намирница која е многу солиден извор на витамин Ц и има многу малку калории. Доматите содржат 95% вода и за летните денови се незаменлива намирница.
Лубеници – 92% вода
Омиленото летно овошје на многумина е лубеницата. Тоа и не е чудно, со оглед на вкусот и слаткоста на ова овошје. Сочната лубеница содржи 92% вода.
Спанаќ – 92% вода
Богатиот состав со вода, магнезиум, калиум и Б витамини го прават спанаќот одличен за зголемување на енергијата во организмот.
Зелени пиперки – 92% вода
На оваа листа се наоѓаат и тие. Исто така, голема содржина на вода, богатство од витамини и минерали, а посебно витаминот Ц, тиамин, витамин Б6, бета каротен и фолна киселина.
Јагоди – 90% вода
Слаткото овошје кое е омилено на многумина е погодно за летото. Освен што се богати со антиоксиданси и витамин Ц, јагодите содржат повеќе од 90% вода во својот состав.
Дињи – 90% вода
На оваа листа се наоѓа и дињата, поради високата содржина на вода,а и богатството со калиум во себе, кој е неопходен за добра хидратација на организмот.
Портокали – 87% вода
На портокалите ретко може да им се одолее во било која сезона. Тие се еден од најдобрите извори на витамин Ц. Одлична замена за нив може да биде и грејпфрутот, па не ги занемарувајте.
Ананас – 87% вода
Исто како и портокалот, содржи 87% вода и е одличен извор на витамин Ц.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 најдобри намирници за летните денови.
Превземено од: sezahrana.mk