Се’ за храна: 5 навики кои ќе ви го подобрат здравјето
Општо е познато дека лошите навики и неквалитетниот животен стил може да предизвикаат хринични воспаленија, предвремено стареење, па дури и канцер. Освен тоа, некои истражувања покажаа дека храната е во дирекна корелација со појавата на одредени заболувања како што се дијабетесот, кардиоваскуларните и автоимуните заболувања. Во продолжение ви припремивме листа со неколку навики кои ќе ви го подобат здравјето.
Зборот воспаление кај народот обично не предизвикува некоја поголема загриженост. Но, во некои случаеви тоа може да биде мошне опасно. Иако звучи чудно, воспалителниот процес е всушност одбранбен механизам на телото. На тој начин телото се обидува да се самозаштити, со цел да се отстранат штетните патогени микроорганизми и оштетените клетки, па да започне процесот на заздравување. Сепак, ако воспалението е хронично, тохаш може да доведе до негативни последици по здравјето. Долгорочното воспаление е поврзано со појавата на многу состојби како што се Алцхајмеровата болест, канцерот, срцевите заболувања и мозочниот удар. Затоа, воопшто не е изненадувачки фактот дека храната влијае на воспалителните процеси во телото, па трудете се да бидете умерени со неа.
Избегнувајте да јадете пржена храна претерано често
Најчесто храната се пржи на многу високи температури. Кога храната е изложена на висока температура таа произведува нус производи кои телото ги гледа како закана, па иницира воспалителен одговор. Затоа, подобар избор се јадењата кои се приготвуваат со печење или варење.
Избегнувајте намирници кои содржат транс масти
Секогаш кога купувате преработена храна, добро прочитајте ја етикетата и осигурајте се дали во својот состав производот содржи транс масти. Важно е што, во последно време има голем напредок во намалувањето на транс мастите во купечката храна. Производителите на храна започнаа да ја намалуваат или целосно изостават употреба на транс мастите, а тоа често пати е наведено на пакувањата.
Намалете ја прекумерната консумација на алкохол
Иако алкохолот не е храна, сепак не треба да се игнорира како опасност што го загрозува човечкото здравје. Треба да се напомене дека неговата потенцијална опасност е најизразена кај лицата кои го консумираат во преголеми количини. Инаку сам по себе не би требало да предизвика трајна штета, секако освен ако неговата употреба не е претерана и долготрајна. Ова е важно за хроничните алкохоличари, кај кои алкохолот може да им овозможи на бактериите да навлезат преку цревата во организмот и да дојде до воспалителен процес.
Ограничете ја консумацијата на храна која содржи засилувачи на вкус, а доколку имате алергиска реакција целосно исклучете ја
Кај некои лица, засилувачите на вкус кои се додаваат во одредени намирници може да предизвикаат на појава на осип, иритација и воспаление на кожата после нивната консумација. Едноставно кажано, човечкото тело не е прилагодено да се справи со овие адитиви, па кога ќе се внесат преку храната, тоа претставува потенцијална опасност за здравјето. Тоа е една од причините што нутриционистите секогаш препорачуваат повеќе да се јаде свеж зеленчук и овошје.
Доколку имате интолеранција на глутен, избегнувајте ја храната која го содржи овој протеин
Во последно време, глутенот стана многу популарен. Притоа, би спомнале дека лицата кои немаат интолеранција на глутен, погрешно е да го исклучат од својата исхрана. Всушност, проблемот со глутенот се јавува кај лица кои имаат целијакија или се интолерантни на него. Кај нив глутенот предизвикува надуеност и дигестивни проблеми, кои непријатности би можеќе да доведат до воспалителен одговор на телото.
Бидете умерени и потрудете се да ја приготвувате храна во својот дом. Не заборавајте на овошјето, зеленчукот, мешунките и житарките во цело зрно!
Ви препорачуваме да прочитате: Што е воспаление, што го влошува и кои 25 намирници помагаат.
Превземено од: sezahrana.mk