Се’ за храна: 7 интересни факти за авокадото
Пред да започнеме со разгледување на интересни факти за авокадото, прво да ве запрашаме. Што е авокадото, овошје или зеленчук? Многумина мислат дека е зеленчук, но всушност, авокадото е овошје! Како и да е, еве неколку интересни нешта за него.
Авокадото е овошје кое денес се смета за едно од најхранливите во природата. Потекнува од Средна и Јужна Америка. Почнало да се одгледува 8000 години п.н.е. на тие простори, а отсекогаш се сметало за кралско овошје. Легендите на Маите кажуваат дека авокадото му давало магични и мистични моќни на нивните принцези. Жителите на Чиле со години ги користат листовите на авокадото за зараснување на раните.
Интересни факти за авокадото
- Авокадото никогаш не зрее на дрво. Тоа зрее само откако е набрано.
- Авокадото содржи значителна количина на фолати. Тие се есенцијални за бремените жени, бидејќи помагаат за обновување на клетките кои се оштетени за време на бременоста.
- Просечната големина на авокадо одговара на фетус во мајката, со старост од 16 недели. Исто така, тие се одлична ужинка за мали бебиња и сите дечиња.
- Авокадото е добар извор на мононезаситени масти. Помага за зголемување на нивото на добар холестерол (HDL) и го намалува нивото на лошиот холестерол (LDL), со што го чува здравјето на срцето.
- Авокадото е богато со протеини. Всушност, тие спаѓаат во малку бројните овошја кои имаат протеини. Што е уште поинтересно, авокадото ги има сите 18 аминокиселини кои се потребни за градба на протеините.
- Авокадото е богато и со растителни влакна. Содржи и растворливи и нерастворливи. И двата типа се потребни за телото да има нормално варење на храната и заштитуваат од гастроинтестинални заболувања.
- Дали знаете дека Бразилците додаваат авокадо во сладоледот? Исто така, дали знаете дека било симбол на љубов и плодност кај Ацтеките, затоа што не може само да се опраши!? Дури и кога растат, растат во пар.
Ви препорачуваме да прочитате: 10 добри причини за да јадете авокадо.
Превземано од sezahrana.mk