Се’ за храна: 7 намирници за подобро помнење

За храната се знае дека може да биде лек, но и непријател на здравјето. Изборот кој што го правите при набавување на намирниците влијае врз начинот на кој што размислувате, на вашето расположение, на концентрацијата и на енергијата. Некои продукти може да направат да се чувствувате фокусирани и полесно да размислувате, а други може ја намалат енергијата и да го влошат расположението. Па, затоа секогаш при купување изберете ги овие 7 намирници кои ќе го помогнат за подобро помнење и ќе ја подобрат работата на мозокот.

Киви

Само едно киви содржи повеќе витамин Ц отколку дневните препорачани количини. Благодарение на поволниот состав кивито го заштитува мозокот од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали. Покрај тоа, тие може да ја намалат неговата функција, да го забават помнењето и да ја намалат способноста за решавање на проблеми.

Сушени кајсии

Истражувањата во Америка покажаа дека консумирањето на сушени кајсии ја зголемува активноста на левата хемисфера на мозокот, која е одговорна за аналитичко размислување. Сувите кајсии се богати со витамин Ц, а имаат и позитивно дејство врз варењето на храната. Дознајте ги и преостанатите 14 здравствени придобивки од консумирањето на сувите кајсии.

Црвена зелка

Црвената зелка е богата со полифеноли, антиоксиданси кои се докажано ефикасни за подобрување на работата на мозокот, а посебно дејство имаат при појава на Алхајцмерова болест.

Бадеми

Бадемите содржат фенилаланин, кој ги стимулира невротрансимитерите допамин, адреналин и норадреналин, а со тоа влијае за подобрување на расположението. Исто така, овие јаткасти плодови се добар извор на витамин Б2 кој го подобрува помнењето. Прочитајте зошто се вели дека бадемите се една од најздравите намирници во светот.

Модар патлиџан

Модриот патлиџан содржи насунин, кој претставува моќен антиоксиданс, кој ги уништува слободните радикали. Се смета дека овој антиоксиданс ги штити липидите во мозокот и на тој начин го спречува нивното оштетување.

Риби

Омега-3 масните киселини им даваат флуидност на клеточните мембрани, што ја подобрува комуникацијата помеѓу клетките. Доколку неколку пати неделно јадете храна богата со омега-3 масни киселини, можете да ги подобрите способноста за учење, како и расположението и помнењето.

Пилешко месо

Пилешкото месо е богато со витамин Б6. Овој витамин е клучен фактор во претворањето на аминокиселината триптофан во серотонин, кој пак го подобрува расположението и ја спречува депресијата.

Совет плус: Ако сакате да ја зачувате правилната работа на мозокот ви предлагаме да ја намалите консумацијата на следните продукти:

  • алкохол
  • енергетски пијалаци
  • бело чоколадо и бонбони
  • сладолед
  • чипс.

Превземано од sezahrana.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background