Сите очи и уши вперени кон Некст Тајм

Момците од Некст Тајм jа продолжија успешната низа на музички преработки во соработка со Никола Мицевски како аранжер. Со преработката на „Ја излези Ѓурѓо“, пред 4 години, стигнаа до скоро 6 ипол милиони прегледи на Youtube. А преработката на „Слушам кај шумат шумите“ за само една година достигна 4 ипол милиони прегледи на Youtube.

Актуелното парче од нивната музичка приказна „Нешто ќе те питам бабо“, во моментов има 834 342 прегледи, а објавено е пред само 10 дена. Некст Тајм, „со брзина на светлината“ уште еднаш го привлекоа вниманието, поради впечатливата продукција на видеото комбинирана со одличниот аранжман на Мицевски, но овојпат и поради специфичноста на тематиката во песната, која патем донесе и поделени мислења во јавноста. Ако сте едни од ретките кои уште го немаат погледнато видеото, еве шанса во прилог, да го сторите токму тоа.

Инаку Мартин и Стефан одговарајќи на прашања на фановите на социјалните мрежи, најавија дека планираат уште неколку вакви преработки, кои ќе ги сместат во еден албум, а по неговото издавање ќе се вратат на својата авторска музика.

 

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background