Совети за детоксикација на организмот

Новата 2018. ја дочекавме, но празниците се’ уште не се завршени. Трпезите се полни, но и покрај празничната удобност, на организот му е потребна детоксикација. Отстранувањето на токсините во организмот одат „рака под рака“ со пиењето многу вода, макар што како ефикасно може да делува и зелениот чај.

Во продолжение, прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат во процесот на детоксикација:

*Внесувајте витамин Ц кој на телото му помага да произведе глутатион и од црниот дроб ги отстранува токсините. Внесот на витамин Ц е од најголема важност кога станува збор за детоксикација на телото. Овој витамин се наоѓа во лимонот, а експертите препорачуваат денот да го започнете со чаша свежо исцеден лимон разреден со топла вода, без шеќер. Оваа чудотворна чаша ќе го забрза варењето и секако добро влијае на црниот дроб и на целото тело

*Јадете овошје и зеленчук секој ден, во оброците вметнете житарки, пченка, ориз , рж , просо … Обидете се да го намалите внесувањето на слатки и да ги замените со поздрава опција – овошје

*Пијте најамлку две литри вода дневно

* Дишете длабоко за да овозможите воздухот целосно да помине низ сите дишни патишта.

* Намалете го стресот со позитивни емоции

*Практикувајте хидотерапија, така што пет минути ќе се туширате со топла вода, а потоа 30 секунди со ладна вода. Повторете ја постапката неколку пати, а после тоа одете на спиење

*Почестете се со масажа или сауна за преку потење да се ослободите од штетните токсини од организмот


Во етер
Наслов
Изведувач

Background