Состанокот со Вархеи беше закажан лани и не е врзан со случувањата во Охрид, вели Трендафилов од ГДУ

Состанокот со Вархеи бил побаран и закажан кон крајот на минатата година и не бил врзан со случувањата во Охрид. Ова во емисијата „Стадион“ на Канал 77 го истакна Георги Трендафилов од Граѓанско демократската унија кој неделава беше еден од македонските бугари во Брисел на средба со еврокомесарот Оливер Вархеи.

Со еврокомесарот како што истакна Трендафилов разговарале за скрининг процесот, тензиите меѓу двете држави и што може да се направи во однос на тоа, се со цел отпочнување на првата меѓувладина конференција. Тој изрази надеж дека политичарите во земјава ќе препознаат кој сака да и помогне на нашата држава и да направи позитивен чекор во однос на реформите.

Од негова страна беше кажано дека во пресрет на денешниот ден се обидел да посредува мешу претседателите Радев и Пендаровски, некако меѓу редови кажа дека очекувал оти Пендаровски ќе даде некој знак за заедничко одбележување заедно со нив двајцата, но тоа не се случило, рече Трендафилов.

На прашање на водителот Наумов дали и македонците од Бугарија може да отидат во Брисел и да се жалат и да ги бараат своите права, Трендафилов вели дека тоа не е прашање за него и оти претпоставува дека тие како европски граѓани имаат повеќе канали да стигнат до Брисел, но можеби нема доволна иницијатива.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background