„Стадион“: Македонските работници добиваат само 35 отсто од тоа што го изработуваат

Вилдан Дрпљанин од Хелсиншки комитет за човекови во емисијата „Стадион“ на тема работнички права, вели дека кај нас секогаш се чека да ескалира проблемот, па потоа почнуваат националните дебати. Според него, најчесто платите се околу 20.000 денари и просечната плата не ја претставува реалната слика на тоа колку заработуваат македонските работници.
-Поделбата на заработката во Македонија е во сооднос 35% за работниците, а 65% за работодавачот. За споредба во другите држави е 45% за работниците а 55% за работодавачите. Во идеален однос, како што го има во некои развиени држави е 50-50, вели Дрпљанин.

Тој во емисијата „Стадион“ ја истакана и борбата во одредени земји да се плати и времето што работниците го трошат за и од работното места. Кај нас се’ уште не утврдено колку навистина работат работниците, со оглед на тоа дека прекувремената работа ретко кога е платена.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background