Стојановиќ: Корупцијата секогаш почнува од вработените во затворите (ВИДЕО)

Секој што ќе се најде во извршување на кривично дело – корупција, се пријавува во службите надлежни за таа работа, вели директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојанови при гостување во емисијата „Стадион“ со проектот „Парадокс“ на тема „Затворите рај за ситната корупција“.

Најчесто како причина за коруптивното однесување на службените лица се посочува ниската плата на истите, за кои Стојановиќ вели дека тоа е веќе минато затоа што со новиот Закон за извршување санкции со новите правилници просечната плата во затворскиот систем е поголема од 30.000 денари за секој вработен. Блиску се до изедначување со платите како во полицијата, бидејќи затекнатата состојба била дека во затворската полиција имало раслојување, каде степенот на ризик бил различен процент. Стојановиќ вели дека еден заповедник зема плата над 50.000 денари.

За пишувањата на Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет, односно нивните извештаи Стојановиќ ги смета за конструктивни критики.

За затворениците кои ќе бидат пуштени на одмор, 90% вели тој се враќаат во затвор.

Оваа година буџетот на затворите во однос на здравството изнесува 30 милиони денари, диркеторот на Управата за извршување санкции вели дека за прв пат оваа година затворските лица се здравствено осигурани.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background