Стресот на работа го намалува животниот век на човекот
Стресот кој го доживувате на работното место е неизбежен, особено доколку работата е поврзана со финансиската сигурност. Првите симптоми се постојана главоболка и проблеми со спиењето, кои резултираат со создавање на сериозни проблеми, како што е дури скратувањето на животниот век.
После финансиите, работата е вториот најголем стрес кој го трпи човечкиот организам. Истражувањето кое било спроведено докажало дека 60% од испитаниците го посочиле работниот стрес како најголем проблем, а стручните лица истакнале дека овој облик на стрес е поинаков од останатите.
Над стресот во семејното опкружување имаме поголема контрола за разлика од стресот на работното место. Краткорочните последици се прескокнување на оброците и недостаток на сон. Цигарите и алкохолот, како и недостатокот од физичка активност, само дополнително му наштетуваат на здравјето на долгорочен план. Стресот на работа предизвикува зголемување на крвниот притисок, зголемување на телесната тежина и депресија, а тоа се фактори кои придонесуваат за прерана смрт.
Постојат два начини за намалување на овој стрес: првиот е баланс помеѓу изворот на стресот и реалните потреби и вториот начин е да го промените работното место. Медитацијата, пронаоѓањето на внатрешниот мир, физичката активност и долгите прошетки, може само позитивно да придонесат во создавање на отпорност кон работниот стрес.
Макфакс