Трамп ја искара Академијата за Оскари: Не требаше „Паразит“ да биде најдобар филм, туку „Однесено со виорот“

На петседателот на САД,  Доналд Трамп не му се допаѓа тоа што оваа година Оскарот за најдобар филм го доби „Паразит“ од Јужна Кореја.

“Колку лоши беа наградите на Академијата оваа година, видовте ли?  Победи филм од Јужна Кореја“, рекол Трамп  на собир во Колорадо, имитирајки ги најавувачите на Оскар.

“Што се случува, по ѓаволите? Имаме доволно проблеми со  Јужна Кореја и трговијата, а  тие им даваат награда за најдобар филм на годината”, рекол Транм.

„Паразит“ е првиот филм на странски јазик кој ја освои наградата од Академијата  за најдобар филм, а исто така доби Оскар за режија и оригинално сценарио.

Трамп не бил импресиониран, повеќе го интересирале филмовите кои настанале пред  1970 година.

-Сакав, да речеме, „Однесено со виорот“ или  „Булевар на самракот“,  толку сјајни филмови. Мислев  дека е најдобар  странски филм – ама не, тоа бил најдобар филм. Дали тоа се случило порано, рекол тој.

Американскиот дистрибутер на „Паразит“ на критиката на Трамп одговорил на Твитер, а го пренесува Си-Ен- Ен.

-Разбирливо е, тој не знае да чита, напишале од компанијата.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background