Трите барања на Петков се неприфатливи, истакна Мицкоски во „Стадион“ на Канал 77 (видео)
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, вели дека последните барања од бугарскиот премиер Петков се неприфатливи. Според него оваа позиција на Петков е потврда и од онаа на поранешниот министер во владата на Борисов, Красимир Каракачанов.
Мицковски во гостување во „Стадион“ на Канал 77, истакна дека со Петков се има сретнато само еднаш, но не му оставил впечаток дека има „искрена желба нешто да се смени“.
– Тој даде изјава од три дела и вели дека има три услови, првиот Декларацијата на бугарскиот парламент да се почитува, второто е бугарите да бидат дел од Уставот и третото е Договорот за добрососедство. Ако се вратиме на тезата дали ќе има договор кој ќе ни биде нас влезница за преговарање со Брисел, еве да речеме и да има политичар што ќе прифати во преговарачката рамка да бидат овие работи и ќе потпише, ние ќе почнеме со првата Меѓувладина конференција, процесот ќе тече и одеднаш на некоја друга влада ќе и текне дека може за нешто да не блокира, рече Мицковски наведувајќи ги како пример македонските учебници по историја, за кои Бугарите би рекле дека не сме смениле оти Гоце Делчев е македонец.
Тој додаде и дека никој од Бугарија не се извинил за делата од Втората светска војна, па следствено не треба да се тргне терминот „бугарски фашистички окупатор“.
Мицкоски истакна дека Македонија ја водат корумпирани и криминализирани политичари, кои како што вели, коленичат за милост по странските амбасади и одат по линија на помал отпор.
На прашањето зошто имал непријатна средба со Генчовска кога беше овде минатиот пат, упатувајќи ја да чита историја и да слуша светски историчари дека меѓународната политика не е тоа што таа го практикува, Мицкоски рече дека не сака да навлегува во физичкиот карактер на средбата. Сепак рече дека и неа и ги кажал сите ставови кои и јавно ги кажува и се согласи дека и рекол оти нема да признаат договор во кој не учествувале.
– Овој договор кој би го направил СДСМ, ќе биде асиметричен, анационален и директно ќе задира во идентитетот. Јас немам намера во идина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе направи влада да го почитуваме и тој никогаш за нас нема да биде дел од преговарачката рамка, рече Мицкоски.
Дополнително тој посочи дека Генчовска го информирала дека секоја недела се обраќа во парламентот и ги информира пратениците, додека како што вели, „ кај нас ги молиме да дојдат и да не информираат“.