Трошановски: Концентрациона Влада за деблокирање на Државата(видео)
Формирањето на една Концентрациона Влада во услови кога Парламентот е блокиран, во моментов е едно од решенијата онаа институција да профункционира, изјави Марко Трошановски од Институт за демократија Социетас цивилис во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77.
Како би изгледала таа Концентрациона Влада?
„Концентрационата Влада излегува со програма на приоритети, како на пример-пописот,градење на државна стратегија за преговори со Бугарија, изборен модел и т.н. Тоа го правиме една година и потоа одиме со избори кои ги организираат Пржинската или оваа Концентрациона Влада,“објасни Трошановски.
Според него најдобро би било во таа Влада да влезат експерти кои што ќе добијат поддршка од сите партии,а ако пак тоа не е можно, тогаш тоа да бидат партиски функционери кои што потоа би добиле поддршка од партите.
„Тоа е единствен начин , ако Парламентот се блокира преку едно вакво политичко насилство како што сега го прави албанската опозиција. Тоа е буквално насилство и злоупотреба на сите институции,“посочи Трошановски
За него надеж влева најавена средба на Заев и Мицковски во понеделник., а дали во позадината на средбата е странска интервенција, со оглед на што истата се случува кога американскиот секретар Палмер упати писмо до Мицковски да биде поконструктивен како опозиција, тој смета дека тоа се задкулисни високиполитички игри и дека коинциденцијата е очигледна но сепка не сака да верува дека странците сепак интервенирале.
За тоа дека на средбата ќе ги нема албанските партии според него треба да биде порака до ДУИ.
Сепак кај нас Влада без албанска партија не е можно, но не треба и да се дозволи државата да биде заложник на парламентарните претставници на 20% од населението, смета Трошановски.