Харисон Форд со рецепт за успешен брак: Не се карајте, само климајте со глава

Актерот Харисон Форд скоро две децении  ужива во љубовта со колешката Калиста  Флокхарт, што е вистинска реткост во Холивуд. Неговиот рецепт за успешен брак бил многу едноставен:

“Не разговарајте, не се карајте, туку само  климајте со  главата” – се пошегувал тој.

Харисон и калиста прв пат се сретнале во 2002 година а се венчале осум години подоцна. Тој има четири деца од претходниот брак  а со Калиста посвоен син.  Разликата меѓу нив е 22 години, а тоа го сметаат за предност, не за маана. Актерката пред неколку години во едно интервју рекла дека тоа прашање во нивната врска никогаш не се поставило.

– Вистина е дека  јас некогаш се чувствувам многу постара од Харисон- рекла Калиста.

И  Форд открил  како ја одржува цврстата врска со жена му.

-Веќе 25 година имам пилотска дозвола и дакам да летам. Но, пред да заминам, јас прво се уверувам дека сум ги завршил сите свои обврски, рекол тој.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background