Шилегов во „Стадион“: Не можам да дозволам Градот да го преземе ФК„Вардар“ со долг од 3,5 милиони евра(видео)
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во денешниот „Стадион“ на радиото „Канал 77“ зборуваше и за состојбата во фудбалскиот клуб „Вардар“ и можностите за спас на клубот.
„Долгот на ’Вардар’ е некаде околу 3,5 милиони евра. А беше даден без долгови и со вредност на играчкиот фонд од шест милиони евра, која сега е 800.000 евра. Не можам да дозволам Градот да го преземе клубот со долг од 3,5 милиони евра, ниту, пак, на Градот му е понудено некакво ветување дека тој долг е наплатлив. Правите кривично дело ако го преземете така клубот. Имаше неколку ветувања од Сергеј Самсоненко дека ќе ги намири долговите, вклучувајќи ги и обрските кон играчите до 31 јануари. Тоа не се случи. Презедовме активности за регулирање на каматите и деблокирање на сметката, да се обезбедат ваучери… Бараме стратегиски партнер за клубот“, истакна Шилегов.