Што мислите, како им звучите на оние што не разбираат македонски?

Сте се нашле ли некогаш во ситуација кога сте во земја каде што не го знаете јазикот, слушате но ништо не разбирате? Како ви звучи јазикот кој не го разбирате?


Скандинавците се вообичаено добри со странските јазици, но оваа девојка не зборува ниту еден странски јазик, иако може да звучи така.

Таа само користи неколку зборови од секој јазик и во изговорот прави да звучат како таа да го зборува јазикот перфектно.

На овој начин покажува како неа ѝ звучат јазиците кои не ги разбира и не ги зборува.

Веројатно и вие ќе помислите дека знае што зборува или пак, за некои јазици ќе се согласите дека и вам ви звучат исто.

Обидете се со по некој збор од португалски, руски, јапонски да го изговорите со точен акцент и тоа повторувајте го, звучи интересно!

Слушнете:


Во етер
Наслов
Изведувач

Background