Јелена Ѓоковиќ: Децата не се воспитуваат со ќотек, туку со нежност
Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена на панел дискусија „Иднината е сега“ во Белград, поделила свое искуство околу начинот на кој ги воспитува децата Стефан и Тара. Таа е горда на начинот на кој се грижи за нив и цврсто е уверена дека со нежност се менува светот.
Новак со Стефан и Тара
-Да се биде мајка и да се балансира меѓу семејство и кариера не е секогаш лесно. Време се наоѓа, но не се наоѓа енергија. Мојот ментор Џим Лер во една прилика ми рече дека времето не е ништо ако не му дадеме енергија. Сите имаме време, но дали сите имаме енергија. Јас кога ќе се вратам дома имам време за своите деца, но дали имам енергија? Затоа и бирам животов да го живеам со многу енергија , здраво да се хранам, да се занимавам со спорт, да легнам на време, да сум опкружена со вистинските луѓе и да правам избори во склад со моите вредности. Мене децата ме воспитуваат и ме превоспитаа. Поради нив сум свесна колку уште морам да растам и да ги согледувам своите грешки. Тие се толку чисти, без грешки, предрасуди, чекорат во светот со таква живост и невиност. Тие се отворени, без очекувања. Јас тоа го учам од нив. Никогаш ништо нема да очекувам од нив. Моите деца се прва генерација која никогаш не добила ќотек. Јас сум го добивала од моите родители , мајка ми исто така, баба ми и дедоми добивале, родителите на Новак исто така бидел тепани. Но, Стефан и Тара се првата генерација на која на грешките не одговараме со насилство и јас верувам дека тоа навистина ќе го смени светот, рекла Јелена за порталот Мондо.рс