Калудија Адеми потекнува од Македонија а ги слабее лугето од целиот свет

Клаудија Адеми ( 47) потекнува од Македонија, но долги години со родителите живеела во Германија. Се омажила и се преселила во Шпанија, но поради природата на работата патува низ целиот свет.  Таа е нутриционист и фитнес тренер, никогаш не била дебела и кога имала 20 години се натпреварувала на изборот за Мис на Југославија.

-Мојата професија е да ги учам луѓето здраво да се хранат, да имат енергија, да бидат убави и секси. Да јадат тоа што навистина им треба а не да го оптоваруваат телото со глупости па поради тоа  да добијат некоја болест.  Скоро 30 години сум нутриционист и фитнес тренер. Никогаш не сум била дебела, па заради тоа да се посветам на оваа професија. Сум имала  неколку килограми вишок кога бев во пубертет и кога бев бремена со ќерка ми Заира, но тоа не е причина животот да го посветам на здраво живеење, да си помогнам себе си а и на другите, кои имаат сериозен проблем, вели таа.

Клаудија и Ана Бекута

 

Татко и на Клаудија е Албанец од Тетово, мајка и е Македонка од Скопје, но родена е во Германија и таму живеела до  21 година, кога  заминала на работа во Шпанија, па се омажила и на 28 години ја родила ќерка и Заира.  Од 16 години тренира фитнес  а по раѓањето на ќерка и почнала да дава и курсеви за готвење.

-Завршив  мастер за нутриционист и фитнес тренер. Во 2015 станав личен тренер на повеќе луѓе во ист момент, бидејки имам  брзина во работата.  Работам со луѓе од целиот свет и според начинот на живот точно знам кои болести може да се добијат ако се хранат неправилно. Во оваа работа не постојат граници во годините, може да имаш проблем и ако си седум години и ако имаш 100 години. Сум работела и со дебели и со анорексични, дијабетичари и со многу други здравствени  проблеми, вели таа.

Клаудија со Инди

Добрите резултати од работата не само што ја споиле со луѓе од целиот свет, туку и многу познати фаци од јавниот живот на Балканот.

-Некои од нив сакаат да зборуваат за тоа, но некои не и јас тоа го почитувам. По мој совет ослабеа многу пејачки. Ке споменам само дел од нив а то се Ирена Вељовска од Македонија, српските пејачки Аница Миленковиќ,  која со години имала 115 килограми а сега има 60, Инди, Ана Бекута, која дотерувајки ја својата линија успеа по мои совети да го ослабе и сопругот Мркела, и многу босански пејачи. Милица од Швајцарија со здрава исхрана за два месеци ослабе 40 килограми.  Има многу кои не се дел од естрада, туку од бизнисот а  кои не сакаат да зборуваат за тоа, додава таа.

            Ирена Вељовска и Клаудија

Според неа она што е најважно на почетокот на промената на начинот на живот и исхрана е довербата и дисциплината меѓу неа и оние што имаат мака.

-Кога ќе почнам да работам со некој прво најважна ми е довербата а потоа и дисциплината. Јас сум 24 часа онлајн со нив и ги следам. Секогаш кога имаат намера да прекршат од она јас што сум го наложила, некако телепатски во тој момент им се јавувам за проверка. Имам некоја чудна енергетска  поврзаност со луѓето со кои работам. Со новиот начин на живот и исхрана на многу луѓе сум им го спасила животот, заеднички сме излечиле многу болести и често знаат да кажат дека сум им ангел чувар.  Јас сум со нив се додека не сум сигурна дека им се сменил чипот во глава, дека понатаму можат сами. Секако ние продолжуваме да се дружиме, но како пријатели, нема совети што да јадат, неделни мениа или вежби, тоа веќе сами си го знаат.  Јас за нив секогаш сум тука, но тие мора да продолжат да функциоираат сами, додава Клаудија.

Најголемото задоволство на Клаудија е кога некој ќе се излечи, ќе ослабе и ќе продолжи да живее среќно со функционална штитна жлезна, без депресиија, дијабетис, без холестерол и многу други здравствени проблеми.

Пејачката Злата од Босна во топ форма

-Само тренинг и здраво хранење за да се исчисти организмот од сите токсини. Среќна сум што помогнав на една жена од Америка  која имаше екстремно  тежок проблем. Таа е 16 години во количка, кога имала 20 години имала сообраќајна незгода. Работејки заедно не само што е ослабена туку дојдени сме до фаза да оди со помош на штаки, да прави кардио вежби. Многу сум среќна што успеја да се исправи на нозе.  Едно дете од Скопје кое имаше долготрајни болки во стомакот и не му помогнале никакви лекарства  сега е супер па дури и вежба гимнастика.  Мојот совет не е гладувањето за да се намалат килограмите.  Треба да се храните здраво, да  јадете и по  пет пати на ден и да се внесува тоа што му е потребно на организмот а не глупости. Се јаде на секои три часа и тоа здрава храна а не рекламирани шејкови.   Секој има различен организам и затоа има  различно мени.  Менито се подготвува врз основа на дневните активности, дали зема лекарства или како се храни.  Патот до среќата е различен, но на крајот сите уживаме во неа, вели Клаудија.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background