(ВИДЕО) Новата влада ќе владее најмалку една година, а ќе ни се приклучат и пратеници од СДСМ и ДУИ
„Ние од синоќа имаме ново мнозинство, мнозинство кое што е за недоверба на оваа Влада, практично овие денови преговараме со уште неколку пратеници се надевам дека ова мнозинство за неколку дена ќе прерасне во бројката 64/65. Меѓутоа има интерес од повеќе пратенци кои што се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ. Имаме и други пратеници кои што се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира со еден збор. Ситуацијата е чиста се надевам ќе почнеме да одиме по пат кој го посакува секој граѓанин“, изјави во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, старо – новиот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари.
За идните потези, Таравари вели дека треба да се почека да порасне мнозинството, па потоа ќе седнеме ќе ги дефинираме основните работи, првите чекори на идната влада.
„Процедурално не знам како е, јас мислам дека веќе се поднесени 61 потписи до Парламентот, меѓутоа и до претседателот на државата. Тие што се процедуралисти, ги познаваат процедурите сигурно ќе кажат какви ќе бидат следните чекори. Најважно е дека имаме 61 потпис од 61 пратеник кои што мислат дека треба да има промена на оваа власт“, истакна Таравари.
Тие се надеваат да имаат уште неколку нови пратеници кои што ќе гласаат за доверба на новата Влада, вели Таравари треба да се почека да се соберат сите, да се направи план како ќе се раководи со државата, како да почнеме пред се да ги декриминализираме институциите бидејќи овие избори покажаа дека имаме криминални избори со злоупотреба на институциите на власта.
„Јас многу често сум кажувал дека иституциите во Макеоднија, посебно во Западна Македонија се дуизирани. ДУИ се како метастазирани во сите институции, ние сме како залог на оваа политичка партија, колку и да скаме да тргнеме напред мора оваа политичка партија да оди во опозиција, но и убаво би било после 20 години власт некој период да поминат во опозиција“, рече Таравари.
Оваа Влада минимум ќе трае една година можеби и подолго од тоа, смета Таравари. Прво целта ни е, да расчистиме, да дедуизираме, декриминализираме институциите, луѓето да имаат доверба во инститиуциите на ситемот и потоа да организираме фер и демократски избори, инаку на ваков начин не се организираат избори, истакна Таравари.
Г.Д