Квентин Тарантино доби шестминутен аплауз во Кан
Светската премиера на новиот филм Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“ се случи вчера на Канскиот филмски фестивал, а гледачите завршетокот на филмот го наградија со шестминутни овации.
Претходно, Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино, му се придружија на режисерот на црвениот тепих. Во филмот свои улоги имаат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лена Данам…
Приказната за златното доба на Холивуд е раскажана преку двајца пријатели глумци (Ди Каприо и Пит) и времето кога се случи убиството на глумицата Шерон Тејт (Роби) од бандата на Чарлс Менсон.
МИА