Првиот љубовен состанок не смее да трае подолго од 57 минути
Првиот љубовен состанок треба да трае 57 минути. Правилото да трае само 57 минути може да ви донесе и одредени олеснувања, доколку личноста која седи наспроти вас не ви се допаѓа, па знаете дека на „мачењето“ брзо ке му дојде крај.
Ова време исто така е идеално и за луѓето кои имаат многу обврски, но и за оние послободните. Тоа е сосема доволно време да поразговарате за себе, за интересите и за целите, како и за се она што е битно да се каже на првиот состанок.
За 57 минути е доволно да имате повод да закажете друг состанок, секако ако ви се допаднала личноста. Откако ќе заврши првиот состанок идеално е да поминат неколку дена па дури потоа да го закажете вториот состанок. Стручњаците наведуваат дека прерано е првиот состанок да трае подолго, бидејки со тоа се создава спротивен ефект и се смалува желбата и потребата за повторна средба.