(видео)Наумовски: Бугарија со ветото работи на сопствената штета

Поранешниот амбасадор во САД, преговарач за името и вицепремиер за евроинтеграции, професорот на УКИМ Васко Наумовски коментирајќи ги изборите во Америка вели дека комплицираниот изборен модел  и гласовите по пошта ќе го одложат прогласувањето на победникот.

– Можно е да гледаме натамошни немири  на улиците , никој не можеше тоа да претпостави во најдемократската држава во светот. Но еве кандидатот на демократите Џо Бајден во обраќањето на јавноста се воздржа од прогласување на победа и повика на трпение смиреност и обединување на нацијата. Трамп очигледно нема намера да признае и да честита победа и да се откаже така лесно, ќе бара пребројување во неколку држави каде што има пресврт и ќе поведе правна битка за докажување на како што вели измамата и на неговата победа.

За Наумовски изборниот модел е комплициран и ете дозволува кандидат да освои повеќе гласови од граѓаните, а сепак да остане без победа како што беше со Хилари Клинтон, но и покрј дебатите не верува дека тоа ќе се промени.
– Анкетите го потценија Трамп. Го прифатија, се поистоветија со него голем број обични граѓани од сите вери, раси, бои и ентикуми откако успеа да се наметне со своите политики пред се екеономски, како борец против корумпираната елита политичари – естаблишментот во Вашингтон. Цело време го напаѓаше Бајден дека 47 години бил во високата политика и не направил ништо, колку што Трамп направил за 47 месеци  во Белата куќа – вели Наумовски кој не очекува промени во генералната политика на САД во регионот и поинакви импликации кон Македонија.
– Се очекуваа големи промени од Трамп во регионот, но освен успешниот обид со Хоти и Вучиќ во Вашингтон ништо друго не се случи. Не можеме да видиме поголема разлика на демократите и републиканците во односот кон Македонија. Демократите секогаш биле поробусни во настојувањата за проширувањеето на Нато, на ЕУ, а во алијансата влеговме за време на републиканците, но тогаш и името го сменивме. Американските заложбите за стабилна Македонија, за ЕУ ќе продолжат без разлика на исходот на американските избори – рече Наумовски.
Поранешниот вицепремеир за евоинтеграции Васко Наумовски после првото вето од Бугарија кажа дека тоа што го прави Бугарија не е разбирливо за европјаните, спротивно на европските вредности и спротивно на бугарските заложби како промотори на проширувањеот на западниот Балкан.
– Големо разочарувања кое ќе придонесе во Македонија да се зголеми антибугарската пропагдана. Бугарија со овој чекор работи на сопствената штета. Сите тое противници на затоплувањето на односите со Бугарија сега ќе почнат со гоовор на омарза, ќе станат уште погласни…и тоа долгорочно ќе го  оневозможи потребното своевидно помирување помеѓу двата народи. Но во вакви случаи можат во последен момент да се постигнат некакви промени. Престојат нови средби, германското претседателство е многу силно и да им дадеме уште една шанса – изјави Наумовски во емисијата  „Стадион” на Радио Канал 77.

Во етер
Наслов
Изведувач

Background