Тошковски-Маричиќ е само пион во рамките на системот кој сака да ја уништи Македонија

Адвокатот Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ при  гостувањето во денешното издание на емисијата ,,Стадион“ на Канал 77, изјави дека не верува во реформите кои што ги спроведува оваа власт, чие владение го оквалификува како елементарна непогода.

,,По кои критериуми ќе се прават реформите во судството, филтирањето, кој ќе го врши тоа филтрирање, никој нема доверба во институциите-тоа е проблемот“, вели Тошковски.

Тој изјави дека не се сомнева во добрата намера на Министерот за правда Маричиќ, но тој е само пион во рамките на системот кој што сака да ја уништи Македонија.

За Маричиќ изјавата на Тошковски е само една демагошка претстава.

,,Да ми каже дека сум пион некој кој што е долгогодишен адвокат на ВМРО-ДПМНЕ во сите нивни лукративни институции е навистина трагично. Знаете ли какви се пресуди пристигнуваат на моето биро секој ден од тоа време. Со партиски диктати  како се носени пресуди од тоа време, без докази, се со цел заштита на нечии партиски интереси. Државата плаќа огромни суми за неоправдани притвори,“ му одговори Маричиќ на Тошковски со кого инаку бил врсник и заедно студирале на Правниот факултет.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background