(ВИДЕО)Вилдан Дрпљанин: 25 работници гинат годишно, а за тоа не одговарал ниту еден работодавач

Вилдан Дрпљанин од Хелсиншкиот комитет вели дека изминатата година за време на пандемијата кршењето на работничките права буквално експлодирало по сите основи, освен за мобинг, што исто така е проблем затоа што работниците од страв да не го изгубат работното место проади короната, си молчат за тоа.
Дрпљанин вели дека за разлика од развиените држави каде што соодносот на приходите што ги делат работодавачите и работниците стигнува и до подлеба 50:50, во Македонија со оглед на тоа што прекувременоот работење и исплаќање никаде не се евидентира работниците не добиваат ниту 30 проценти за својот вложен труд.
– Секоја година 25 работници гинат на своите работни места, а досега никој не одговарал од работодавачите. Обвинителството треба да биде многу побудно, поажурно и понастојчиво и со конкретни обвиненија да придонесе за подобрување на условите за безбедност на работа – вели Дрпљанин.
Дрпљанин потенцира дека мора под итно да се донесе целосно нов закон за работни односи, затоа што постоечкиот е менуван десетици пати и е хаотичен, неконзистентен во колизија со бројни други закони и во неговите лавиринти и недоречености тешко може да се снајдат и искусни адвокати и правници, а не обичен работник.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background