(ВИДЕО) Бетмен vs Јовановиќ: Пуч или граѓански протест против Тиранската палтформа
Аналитичарот и колумнист Ненад Јовановиќ со свое гледање на случувањата од „27 ми април”.
„Јас забележувам кај Богдан една граѓанственост која е лирична, романтичарска, но му верувам кога рекол „Господ нека ни е на помош”, штом разбрал и слушнал дека Села е легнат, претепан и дека е во тешка состојба и не се знае дали ќе преживее”, вели Јовановиќ.
„Се работеше за еден предатор, наречен Никола Груевски и кој ја инструментализираше сета состојба за да се појави „27 ми април”. „27 ми април” не беше повод, туку беше последица на сета онаа клима на насилство и револт кои што го предизвикуваа груевистите во тие 10 години владеење. Да не заборавиме дека нацијата, која изричито говори „Македонија на Македонците” има во себе моќ и сила да те направи еден инструмент во кој потоа ќе те гонат кривично, тоа се однесува на Бетмен и потоа ти ќе бидеш еден вид „енејбл”, човек кој што ќе го оправдуваш тоа злосторство, ќе креираш некакво алиби, ќе го нормализираш самото кривично дело кое е сторено и од различни причини не само што ќе дозволува како овозможувач на предаторот Груевски, туку ќе создава услови за кривично дело кое има шанси повторно да се случи. Сега тој самиот се оправдува, како тој знаел или не знаел и бил понесен од романтизмот на десничарењето. Тоа само ми дава до знаење дека Богдан и тие луѓе биле страшно инструментализирани и жртва на предаторот. груевски кој што ги држеше сите конци во својата власт,. Тој пуч не можеше да се направи без упад и инструментализација во државната безбедност, Дека таму биле само граѓани кои што си ја сакаат својата држава. И дека без власта и УБК може да влезат и да направат такви злосторства и најголемиот срам во историјата на оваа земја”, вели Јовановиќ.
На Јовановиќ не му се допаѓа кај Богдан, тоа што не е свесен дека бил дел од еден „језив злочин” кој што создаваше услови за да ги оправда злосторниците и ги афирмира сега тие кои се во затвор, затоа што не вели дека тие се клучни учесници во тој дел злосторнички, да направат пуч.
„Јас мислам дека во некоја смисла тие не заат дека се терористи што е уште пострашно.
Убеден сум дека Богдан е жртва на Груевски, како што беа жртва сите тие луѓе кои што овозможија да се створи пуч”, вели Јовановиќ.
Богдан Илиевски смета дека упадот во Собранието не е пуч и дека најголем срам во историјата на Македонија е игорирањето на референдумот и насилната промена на името.
„Не се случи пуч, и се додека измислуваме работи дека се случиле, а не се случиле не можеме да дојдеме до суштината на нештата. Ние повикувавме на избори на самата бина некои пола час пред да ескалира состојбата. Најголем срам во оваа држава е игнорирањето на референдумот и насилната промена на името, а не нешто што не се случило зборувам за пучот. Јас не игнорирам кривични дела кои што се случиле, меѓутоа мора да правиме разлика помеѓу емоционалниот пристап на нештата и правниот, легалистичкиот пристап на нештата”, вели Илиевски.
Тој на новинарско прашање дали политички ќе се активира истакна дека нема такви амбиции.
„Никогаш не сум имал амбиции да бидат ниту градоначалник, ниту советник. Никогаш не сум имал амбиции за ниту една функција. Поканата да биде член на извршен комитет ја прифатил, затоа што таа понуда ја доживувеал како огромна чест”, изјави во „Стадион”, Богдан Илиевски.
Г.Д